Уставниот суд на Република Македонија ја отфрли иницијативата на советниците на СДСМ од Велес за разгледување на уставноста на случајот за хотелот во Горно Врановци. Имено, на 11 јули годинава Советот на Општина Велес донесе одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот, хотел во селото Горно Врановци, на Општина Чашка. На оваа одлука реагираа советниците на СДСМ кои истакнаа дека општина Велес не може да го подарува објектот што е изграден со средства на фирми од Велес, за потоа општина Чашка да го продаде. И додека одлуката беше обжалена, општина Чашка на чија територија се наоѓа селото Горно Врановци, распиша тендер за продажба на хотелот. На првиот тендер не се пријавија купувачи. Чашка распиша втор тендер и покрај тоа што Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе одлука за стопирање на одлуката на Општина Велес за подарување на хотелот во Горно Врановци на општина Чашка.
Уставниот суд на Република Македонија ја отфрли иницијативата на советниците на СДСМ од Велес за разгледување на уставноста на случајот за хотелот во Горно Врановци.
Имено, на 11 јули годинава Советот на Општина Велес донесе одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот, хотел во селото Горно Врановци, на Општина Чашка. На оваа одлука реагираа советниците на СДСМ кои истакнаа дека општина Велес не може да го подарува објектот што е изграден со средства на фирми од Велес, за потоа општина Чашка да го продаде.
И додека одлуката беше обжалена, општина Чашка на чија територија се наоѓа селото Горно Врановци, распиша тендер за продажба на хотелот. На првиот тендер не се пријавија купувачи. Чашка распиша втор тендер и покрај тоа што Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе одлука за стопирање на одлуката на Општина Велес за подарување на хотелот во Горно Врановци на општина Чашка. Меѓутоа, од општина Чашка и по ова сметаат дека тие можат да го продаваат објектот, кој во два наврати го нудеа за 500.000, а потоа и за 400.000 евра, но купувач не се најде. Правна заштита е побарана на Уставниот суд.
Според портпаролот на Уставниот суд Југослав Миленковиќ, иницијативата е отфрлена бидејќи според содржината таа не е пропис кој Уставниот суд го разгледува. По оваа одлука на Уставниот суд, од општина Чашка сметаат дека хотелот може да се оттуѓува. На потег е општина Чашка. Дали ќе распише трет тендер, или пак договорно ќе го продаде хотелот што повеќе од десет години не работи.
Инаку, хотелот во историското Горно Врановци, кој има капацитет од сто легла, ресторан, сали за состаноци и е сместен во прекрасна шума од даб и костени, е изграден во 1986 година. За неговата изградба средствата ги обезбедија 23 велешки претпријатија чии што работници повеќе од 10 години го користеа за одмор. Најнапред со хотелот стопанисуваше угостителската организација Интернационал". Потоа, краток период со хотелот стопанисуваше Југотутун", за на крајот и најдолг период до затварањето, со него да работи керамичката индустрија Киро Ќучук". Со транзицијата и распродажбата на велешките претпријатија, кои ја финансираа изградбата, хотелот остана во сопственост на државата. Години на ред и Општина Велес и Општина Чашка бараа од Владата да им биде доделен хотелот за да може да работи. Конечно Владата, во средината на оваа година хотелот во Горно Врановци и го додели на општина Велес, а таа пак, со одлука на Советот, донесена на 11 јули, хотелот и го подари на општина Чашка.
Градоначалникот на општина Чашка, Горанчо Пановски вели дека со продажбата сакаат хотелот да работи, да бидат вработени триесетина работници и да биде пријатно место за се поголемиот број посетители, ученици и домашни и странски туристи, кои доаѓаат да ги посетат историските и културните споменици, од нашата поблиска историја, што се наоѓаат во селото Горно Врановци.